Мутомбо примен во „Куќата на славните“

Од:

Поранешната НБА ѕвезда Дикембе Мутомбо е нов член во „Куќата на славните“ во Спрингфилд, јави ангенцијата АФП.

Мутомбо (49), кој четири пати беше проглчасуван за најдобар дефанзивец во НБА лигата, е еден од најдобрите блокери во историјата на најдобрата светска кошаркарска лига.

За 18 години минати на паркетот во НБА (1991-2009), Мутомбо стигна до 3.289 блокади, категорија во која пет години по ред беше најдобар (1994-1998).

Покрај блокадите, Мутомбо во својот НБА стаж постигна 11.729 поени и оствари 12.359 скокови.

Мутомбо е роден во Конго, а познат е и по хуманитарна активност преку давање голем  придонес во изградба на болници во Африка.

– Горд сум што станав третиот кошаркар од Африка кој играше во НБА. Дојдов во САД без ништо, а сега сум дел од историјата на НБА, изјави Мутомбо.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on