Во експлозијата на плинска боца во Индија веќе 104 жртви

Од:

Бројот на жртви од експлозијата на плинска боца во еден ресторан во централна Индија нарасна на 104, откако беа  откриени нови безживотни тела, информира денеска полицијата.

-Во овој момент потврдено е загинувањето на 104 лица. Обдукцијата е завршена во 82 случаи, додека уште 22 тела треба да бидат прегледани, телефонски изјави инспектор на полицијата за француските медиуми.

До експлозија дојде утринава околу 8.30 часот по локално време (5 часот по средноевропско) во ресторан во округот Џабуа во индиската сојузна држава Маѓа Прадеш, во  кој во тој момент појадувале поголем број работници и ученици, изјави Сима Алава, висока полициска службеничка.

-Во ресторанот имало голема турканица бидејќи многу луѓе појадувале. Затоа бројот на жртвите е толу голем, изјави таа, додавајќи дека во несреќата има повредено и околу 60 лица.

Алава додаде дека заради силината на експлозијата дошло до уривање на блиската зграда, додека неколку други се оштетени. Бидејќи ресторанот се наоѓал во близина на место каде се држи експлозив што се користел во градежната индустрија, дошло и до уште една експлозија, во која, исто така, имало погинати.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати