Меморијален турнир во мал фудбал „Херои на Македонија“

Од:

Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје денеска беше отворен меморијалниот турнир во мал фудбал „Херои на Македонија“.

На отварањето на турнирот присуствуваа министрите за одбрана и внатрешни работи Зоран Јолевски и Митко Чавков, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник  Методија Величковски, командантот на Здружената оперативна команда на АРМ бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, високи претставници од Министерството за внатрешни работи и други гости.

Министерот за одбрана Зоран Јолевски, пред учесниците го истакна значењето на организацијата на турнирот, преку кој, како што рече, ја продолжуваме борбеноста и им се заблагодаруваме на оние кои го дале својот живот за нашата татковина.

На турнирот, кој годинава се организира по петти пат, покрај екипите на министерствата и Генералштабот на АРМ, учествуваат екипи од повеќе општини од Македонија, од каде има загинати бранители.

Турнирот е во организација на Министерствата за одбрана и внатрешни работи и Здружението ,,Херои на Македонија“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос на турнир во мал фудбал во Радовиш: Општа тепачка, боскови, летаат столчиња

Почна Меморијалниот турнир во мал фудбал „Сокол 2019“

Ана Ололовска

Заврши турнирот во мал фудбал, победник екипата од Бучин

Завршни натпревари на турнирот во мал фудбал „Скопје 2018“

Ана Ололовска

Почна традиционалниот турнирот во мал фудбал „Скопје 2018“

Ана Ололовска

Екипата на „Марфил“ е победник на турнирот во мал фудбал „Свети Никола“ во Прилеп

Ана Ололовска