Еврејската заедница во Репбулика Македонија ќе го одбележи Европскиот ден на еврејската култура.
Оваа манифестација се одржува паралелно во 32 европски земји, а еврејската заедница во Македонија ја одбележува по јубилеен десетти пат.
Годинава темата на Европскиот ден е „Мостови“, а секоја година различно ја одредува Европската асоцијација за зачувување и унапредување на еврејската култура и наследство.
Под режисерската палка на Снежана Коневска-Руси, претставата „Мостови“ ја продолжува приказната за младите Симона и Давид, главните протагонисти од Европскиот ден во 2013 година – „Јудаизам:аманет за природата“. Преку музика, танц, и глума, на сцената ќе прикажеме еврејски и македонски обичаи во единствена симбиоза преку симболот на мостовите – спој на различните култури, религии и етникуми.