Пенета прва Италијанка во финалето на US Open во историјата

Од:

Италијанската тенисерка Флавија Пенета се пласира во финалето на УС Опен и тоа за неа е прво грен слем финале во кариерата. Таа во првото полуфинале на турнирот ја победи втората носителка Симона Халеп од Романија со 2:0 во сетови за 59 минути.

Пенета првиот сет го доби со 6:1 во гемови, а во вториот сет Халеп поведе со 3:1 во гемови. Сепак Пенета направи нова серија и освои пет гема во низа за конечен триумф откако вториот сет го доби со 6:3. Пенета имаше 23 победнички поени наспроти 10 на Халеп, а односот на неизнудени грешки беше 23:16 (повеќе направи Халеп).

Ова беше второ полуфинале за Пенета на УС Опен по 2013 година.

– Среќна сум, добро го играв цел меч пред се бев агресивна. Немам зборови за мојата среќа, изјави по мечот Пенета.

Во второто полуфинале ќе играат Серена Вилијамс и Роберта Винчи. Женското финале се игра утре – сабота.

Од 23 часот на програмата е и првото машко полуфинале меѓу Новак Ѓоковиќ и Марин Чилиќ, а потоа следи дуелот на швајцарските тенисери Рожер Федерер и Стан Вавринка.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен