Крводарителска акција во Амбасадата на САД

Од:

По повод Националниот ден на служба и сеќавање на САД кој е воведен во знак на сеќавање на настаните од 11 септември 2001 година денеска во Американската амбасада во Скопје се одржа акција на крводарување и собирање храна за помош на ранливи групи на граѓани во Македонија.

Американскиот амбасадор Џејс Бејли во своето обраќање по повод оваа активност истакна дека таа е во знак на сеќавање не само на ужасната трагедија, туку и оддавање почит на оние кои помогнаа во одговорот на овие напади.

– После 11 септември заедниците се зближија не само во САД, туку и во меѓународни рамки исто така. Претседателот Обама го прогласи 11 септември во САД за Национален ден за служба и сеќавање со цел секоја година да ја обновиме нашата посветеност на заедницата и да помогнеме на различни групи на луѓе. Секоја година на 11 септември повеќе од 40 милиони Американци на различни начини извршувааат служба. Овдека во Амбасадата ние го означуваме Денот на служба секоја година со акцијата дарување крв и собирање храна, рече амбасадорот Бејли.

Тој истакна дека ова е седма акција што ја спроведува Амбасадата во соработка со Црвениот крст на Град Скопје и Институтот за трансфузиона медицина.

– Ние се грижиме за заедниците каде живееме и се надевам дека денеска ќе поставиме нов рекорд во донации од што бенефит ќе имаат многу повеќе граѓани од Македонија, рече амбасадорот Бејли.

Генералниот секретар на Црвен крст на Македонија Саит Саити истакна дека денешниот ден инспирира надеж и потсетува дека хуманоста и човекољубието треба да се издигнат на уште повисоко рамниште.

– Денешната крводарителска и собирна акција се придонес во нашата заедница, активност која ги артикулира различностите претворајќи ги во хумнитарни ефекти. Нека денешниот ден не потсети колку е важно да сме заедно да даруваме и одвоиме дел од себе за другите да помогнеме на оние на кои им е потребна помош. Само преку личен потег и позитивен пример ќе ја поттикнеме и инспирираме целокупната заедница, рече Саити потсетувајќи дека оваа година Црвениот крст одбележува 50 години од усвојувањето на седумте основни принципи на работа кои денеска се прилагодени на потребите на новиот свет.

Во 2012 година во рамки на акцијата за дарување крв во Американската амбасада беа собрани 68 крвни единици,минатата година 229, а оваа година се очекува да биде постигнат нов рекорд.

Би можело да ве интересира

„Дејли меил“: САД се подготвуваат да интервенираат ако Кина го нападне Тајван

Ројтерс: САД може да воведат такса од 1.000 долари за интервју за неимигрантска виза

Рајс: Путин станува сè поочаен

Трамп им забрани на граѓаните на 12 земји влез во САД

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да воведе санкции против Русија истовремено со САД

Али Хамнеи го критикува предлогот на САД за нуклеарни разговори, но не ја отфрла идејата