Премиера на претставата „Коренот на Кале“ во Куманово

Од:

Актерскиот ансамбл на албанската драма кој функционира при кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва во центарот за култура со почеток во 20 часот, ќе ја премиерно ќе ја изведе претставата „Коренот на Кале”.

Претставата е во режија на Веби Ќерими, работена по текстот на Назми Беќири.

Како што информираше денеска уметничкиот директор Енвер Халими, во преставата ќе играат актерите Зијадин Муртези, Исмаил Касуми, Ќазмедин Нуредини, Мирсад Абази, Сефедин Шабани, Шкељќим Ислами, Илбер Муртези, Мендим Муртези, Шкумбин Зекири, Енвер Халими, Сара Бајрами, Резарт Нуредини и Генциана Рамадани.

Репризите, информираше Халими ќе се играат од понеделник со почеток во 20 часот. Сценографијата е на Арменд Адеми, додека за музичкиот дел ќе се погрижи Орхан Шаќири.

Би можело да ве интересира

Премиера на комедијата „Жени во црвено“ во Македонија

Кабаре – концерт за лажици и гитара на Раде Шербеџија и Ленка Удовички на фестивалот РУТА во Драмски театар

Јордан Симонов од МНТ најдобар актер на фестивалот „Албански театар во Македонија“

Предраг Петровиќ

Врачено признанието лауреат на актерот Ристановски и промовирана монографијата 15 години МТФ „Св. Јоаким Осоговски“

Со доделување на наградата за високо актерско достигнување завршува ФКТ „Ристо Шишков“

Предраг Петровиќ

„Галеб“ од Чехов премиерно во битолскиот театар

Предраг Петровиќ