Илхаз Аларџан, 26-годишна мајка на четири деца, е уапсена под обвинение дека убила три свои деца, а четвртото за среќа преживеало.
Не сакам да живеете во овој валкан свет, му рекла таа на четвртото дете коешто успеало да ја одбегне трагедијата.
Порпаролот на израелската полиција, Мики Розенфелд, вели дека жената моментално ја испрашуваат и дека не се знае мотивот за оваа трагедија.
Нејзините пријатели за медиумите изјавиле дека се шокирани од настанот во којшто животите ги изгубија трите деца на возраст од осум и четири години, како и малото едномесечно бебе. Тие биле избодени во својот дом.
Семејството живеело во беда и сиромаштија во мало гратче на југот од Израел, што е случај со најголемиот број жители на областа.
Дечињата се погребани во родното место, а полицијата се уште ја испрашува нивната мајка.