Универзитетот „Свети Апостол Павле“ во Охрид ќе се сели во нови простории

Од:

Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски во рамки на работната посета на Охрид заедно со ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ го посети објектот во поранешната касарната, чија реконструкција е во тек, а каде е планирано да биде префрлена високообразовната установа.

–    Целиот овој простор што е доделен на Министерството, предвидено е да биде доделен на Универзитетот „Свети Апостол Павле“, во рамки на проектот за изградба на универзитетскиот кампус. Досега Министерството има инвестирано во овој објект повеќе од 40 милиони денари, а тоа е само завршување на првата фаза, истакна Ристовски.

Тој појасни дека градежните активности продолжуваат со доуредување на објектот, инсталирање на системите за греење и опремување на интериерот, со уверување дека првиот објект на Универзитетот „Свети Апостол Павле“ ќе биде целосно ставен во функција некаде напролет идната година.

Ректорот Нинослав Марина истакна дека се работи за нов концепт во образованиот систем во Македонија, преку создавање универзитетски кампус според примерите на современите образовни центри во светот, каде покрај одвивањето на наставата ќе бидат и сместени студентите.

–  Новиот кампус ќе донесе и нови содржини, дополнителни активности. Малку ќе ги оддалелечиме студентите од градската врева, што ќе им помогне да се сконцентираат повеќе на примарните активности, пред се на учењето, истакна Марина.

Поширокиот проект за универзитетски кампус во Охрид предвидува повеќе објекти и содржини. Во прво време, се работи за објект од четири илјади метри квадратни, а во наредниот период и уредување на уште еден таков објект од поранешната касарна, што ќе бидат поврзани со аула односно објект во кој ќе биде сместен Ректоратот на Универзитетот.

Во подоцнежната фаза од проектот за универзитетски кампус предвидена е и адаптација на другите објекти од поранешнот армиски гарнизон „Генерал Михајло Апостолски“, како и изградба на објекти за спортски активности.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование