ВМРО-ДПМНЕ: Нема полоша вест од таа дека Цревенковски, Георгиевски и Петковски се иднината на земјата

Од:

Ако Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски и Тито Петковски се иднината на оваа земја, тогаш полоша вест за нашата иднина граѓаните не можеа да слушнат, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на лидерот на најголемата опозициска партија СДСМ кој во вторникот го промовираше Сојуз на иднината

Посакувајќи и’ на опозициската коалиција што во вторникот ја формираа СДСМ и вонпарламентарните парти ЛДП; ВМРО-НП, Обединети за Македонија и Достоинство, успешна работа, од владејачката партија велат дека сметаат „по изборот на несреќниот слоган, „Ќе им треба многу повеќе од сино платно за да ги убедат граѓаните дека тие се иднината”.

„Но ние не веруваме во тоа. А мислиме дека и самите тие не веруваат. Не можеме да поверуваме, дека Бранко Црвенковски мисли дека Љубчо Георгиевски е иднината на Македонија. И без разлика што го најдоа најглупавото образложение зошто се здружуваа, демек не било за власт, туку Бранко и Љубчо биле загрижени за Македонија, сакаме да ги прашаме дали сé уште смета Бранко дека Љубчо е Бугарин и луд, а Љубчо дали смета дека Бранко е криминалец, пијаница и зависник”, се вели во реакцијата на владејачката партија.

Доколку споменатите не мислеле така, тогаш тие глумеле и го лажеле досега народот, заклучуваат во ВМРО-ДПМНЕ.

„Што се однесува до другите луѓе-партии, не би ги коментирале посебно. Ниту на Жерновски не му веруваме, затоа што за Жерновски зборот вреди едно градоначалничко место, односно, ако се прашува зошто никој не му верува нека оди нека ја види Северната трибина на ‘Арената Филип Втори’, за која мислејќи дека ќе и’ наштети на ВМРО-ДПМНЕ велеше дека ќе се сруши и ширеше страв меѓу граѓаните”, велат од владејачката партија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Добиени се три арбитражни постапки и има заштеда во Буџетот од 565 милиони евра

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Фризерница во време на Заев, добива проекти за медиумска писменост преку Еразмус +, вредни над 270 илјади евра

ВМРО-ДПМНЕ: Братот на Диме Велковски се офајди од добиените пари од Еразмус +

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: 205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња и правење сирење

ВМРО-ДПМНЕ: Во време на Зоран Заев и Лидија Димова од Еразмус+, Фрчкоски добил грант вреден 200 илјади евра

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев