Сопственик на семејна фарма во Холандија може да се пофали дека е првиот во светот кој успеал да произведе сирење од свинско млеко, со што ја презеде титулата за најскапо сирење во светот.
Поради исклучително комплицираниот начин на собирање млеко и самото производство, еден килограм од ова сирење чини околу две илјади евра..
– Тоа е производ кој никогаш никој не направил и многу луѓе за тоа се многу заинтересирани. Дури неодамна почнавме со молзење маторици и затоа сме многу задоволни. Работата е многу тешка, но ако луѓето се подготвени да платат две илјади евра за еден килограм, ние ќе прифатиме и ќе правиме сирење, рече Ерик Стенинк , сопственик на фармата „Piggy’s Palace“.