Австриската национална железничка компанија „ОББ“ денеска ги прекина железничките врски со Унгарија заради масовниот наплив на мигранти, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на нејзино коминике.
Компанијата објасни дека нејзината железничка мрежа во послендите неколку дена била претоварена од огромниот број бегалци, кои се упатиле кон Германија.
„ОББ“ соопшти дека нема да продава билети за дестинациите кон Унгарија.
Австриската железничка компанија ги повика доброволците и автобуските компании да запрат со превозот на мигранти до нејзините железнички станици.