Екипата на претставата „Стари времиња“, во режија на Нела Витошевиќ, во продукција на Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид, по вчерашната неизвесност, денеска тргна за Струмица каде учествува на театарскиот фестивал „Ристо Шишков“.
– Се најде поевтин начин за превоз на актерите и на сценографијата. Беше потребен автобус за екипата актери и техничари, но и камион за сценографијата, бидејќи не ја собираше во автобусот, како и автомобил за актерката Ирена Ристиќ. Фактурата со вклучени автобус и камион е 45 000 денари, што е реална сума за превоз на сценографијата и екипата. Немаше никакви проблеми, вели за А1он директорката на НУ “Григор Прличев“, Драгана Боцеска.
„На барање од театарската екипа во проектот првично беше во превозот да бидат вклучени автобус, автомобил и камион што не се прифати.
Инаку платени се во целост хонорарот за Ирена Ристиќ, за сценографот, а тој што шпекулира со вакви информации се девалвира самиот и театарската уметност за ситни лични интереси. Претставата ,, Стари времиња“ во режија на Нела Витошевиќ денес ќе гостува во Струмица на покана на фестивалот ,, Ристо Шишков“ кој ги обезбедува трошоците за превоз и учество. За лажни информации следуваат дополнителни санкции.“, стои во дописот од директорката Драгана Боцеска.