Унгарската полиција денеска соопшти дека вчера во земјата пристигнале вкупно 3.321 имигранти, што претставува рекорден број на бегалци кои влегле во Унгарија во еден ден.
Досегашниот дневен рекорд изнесуваше 3.313 бегалци и беше постигнат минатиот четврток.
Од почетокот на месецот во Унгарија влегле вкупно 22.000 бегалци, на нивниот пат од Србија кон земјите од западна Европа.