Русија испрати два носачи на авиони и дополнитолно уште авиони во Сирија, најверојатно вчера и ангажираше помал број на трупи од морнарицата, изјавија денеска два неименувани официјални извори на САД, оценувајќи дека се тоа знаци на воено заострување.
Двете официјални лица со барање да останат анонимни кажаа за „Ројтерс“ дека намерата Русија да испрати воени сили во Сирија, останува нејасна.
Тие кажаа дека според првите показатели во прашање е аеродромот во близина на градот Латака, упориште на претседателот Башар ал Асад.