Во југоисточниот турски град Шанлаурфа, денеска турската полиција во камион откри 5,5 тони пластичен експлозив, информира приватната телевизија НТВ.
Полицајците заради проверка го запреле камионот што патувал кон центарот на градот. При претресот на камионот, што превезувал лук, биле откриени вкупно 5,5 тони пластични експлозиви и кабли.
Експлозивот бил ставен во картонски кутии, што бил сокриен во вреќи со лук.
Полицијата го привела возачот на камионот и неговиот сопатник.