Почна снимањето на филмот „Секој ден мора да се јаде“

Од:

Продуцентската куќа „Фрагмент филм“ информира дека вчера започна снимањето на краткиот игран филм „Секој ден мора да се јаде“, во режија и по сценарио на Марко Ѓоковиќ.

Снимањето на филмот ќе се одвива на повеќе локации во Скопје и во Маврово.

„Секој ден мора да се јаде“ е филм за животот на персоналот во Маршаловата вила, каде секојдневно се готви храна со надеж дека Маршалот ќе дојде токму тој ден. Со неговата смрт, малиот Марко, син на куварката, добива шанса да ја проба храната што цел живот гледа како се готви, а не смее да ја допре.

Актерската екипа ја сочинуваат: Sвездана Ангеловска, Игор Ангелов, Давид Тодосевски, Дина Јовевска, Горан Трифуновски, Борис Дамовски, Сара Климовска, Емил Костовски, Милка Солева, Јовица Јовановски, Ѓорѓи Мишевски, Андреј Бартлинг и Раша Петровиќ.

“Секој ден мора да се јаде” е во режија на Марко Ѓоковиќ, директор на фотографија е Александар Крстевски, сценограф Иван Бартлинг, костимограф Емилија И. Атанасовска, композитор Огнен Атанасовски, а продуцент е Емилија Чочкова.

Копродуценти на филмот се „Круг Филм“ и „Вертиго Висуал“ од Скопје и „Kube Studios“ од Тирана, Албанија. Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за за филм.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Првиот македонски долгометражен анимиран филм ќе има светска премиера на еден од најголемите фестивали за фантастика во светот

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ

Ридли Скот најави нов филм и ја воодушеви публиката: „Веќе имам идеја за продолжение“

Предраг Петровиќ