Зборник на документи „Руската колонија во Скопје (1920 – 1943)”

Од:

Државниот архив на Република Македонија го објави зборникот на документи „Руската колонија во Скопје (1920 – 1943)” во редакција на д-р Ленина Жила и д-р Филип Петровски.

Документите сведочат за времето кога руските бегалци – поединци и цели семејства – дошле во Македонија и нашле сигурно прибежиште на нашата територија.

Архивот соопшти дека еден од основните мотиви за објавување на зборникот факсимилни документи „Руската колонија во Скопје (1920 – 1943)” е да воведе во науката голем број претходно непознати и неистражувани документи.

– Рускиот и македонскиот народ имаат долги историски, духовни и културни врски. Руската заедница во Македонија во текот на годините се издигна на високо ниво и се одликува со видни поединци од областа на културата, уметноста, образованието, спортот и науката. Зборникот ќе биде еден чекор напред и вовед во плодната научна соработка во иднина и воедно повод за нови конкретни културни активности во прилог на зацврстувањето на руско-македонско пријателство, информира Државниот архив на РМ.

Би можело да ве интересира

Договорените проекти на нашиот Архив и бугарскиот во застој поради пандемијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Архивските материјали се заштитени, изградба нов објект е трајно решение

Ана Ололовска

Државниот архив ќе се сели на нова локација

Ана Ололовска

Конференција „Архив на податоци од општествените науки во Република Македонија“

Ана Ололовска

Конференција за архив на податоци од општествените науки во Македонија

Ана Ололовска

Состанок на Европскиот регионален огранок на Меѓународниот архивски совет

Наум Локоски