ВИДЕО: Отказ за снимателката која удираше по мигрантите

Од:

Унгарската снимателка Петра Ласно доби отказ од работното место, откако беше снимена како ги сопка бегалците да паднат, а потоа како клоца и удира малолетно момче и девојче.

Телевизијата Н1 ТВ информираше дека снимателката е отпуштена од работа поради нејзиното неприфатливо однесување.

-Една колешка од Н1ТВ постапи на неприфатлив начин во прифатниот центар Реска, соопшти на Фејсбук главниот уредник на телевизијата Саболч Кисберк, и додаде дека нејзиниот договор од денеска е поништен, а за телевизијата Н1 тоа е конечна одлука.

Мигрантите вчера се обидуваа да се вратат во Србија, откако унгарците не ги пуштаа кон Германија, но и тоа им беше забрането. Во напливот на емоции и желбата да се вратат назад во Србија, бегалците го пробија полицискиот кордон, а снимателката на Н1ТВ сопна еден човек со дете, кој потоа падна, а подоцна удри со ногата едно малолетно момче и девојче додека бегаа.

Унгарија после овој инцидент има сериозен проблем со нејзиниот рејтинг во светот, ако се има предвид дека и претходно земјата беше обвинувана за сурово однесување со бегалците. Снимателката која удри на бегалците, преку ноќ стана цел на осуда и гадење во сите светски медиуми.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта