Давутоглу повика на воздржаност по нападите во Турција

Од:

Турскиот премиер Ахмед Давутоглу синоќа ги осуди серијата напади врз медиуми, политички партии и приватни објекти во Турција и повика на воздржаност и зачувување на мирот во земјата.

– Неоправдано е нанесувањето штети врз медиумските институции, објекти на политички партии и имотите на нашите граѓани, порача Давутоглу преку својот налог на Твитер.

Меѓу целите на нападите, кои доаѓаат во време на ескалацијата на тензиите меѓу турската Влада и Курдската работничка партија (ПКК), беа и седиштето на курдската Демократска партија на народите (ХДП) и редакцијата на дневниот весник „Хуриет“.

Како што јави ДПА, весникот „Хуриет“, кој беше цел на напад на приврзаници на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на Давутоглу, соопшти дека при инцидентот насилниците извикувале пароли за поддршка на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

При нападот пак врз седиштетот на ХДП во Анкара, напаѓачите се обиделе да подметнат пожар во објектот.

Според турските медимуи, кои се повикуваат на информации на социјалните мрежи, напади врз објекти на ХДП биле регистрирани и во други турски градови, а забележани биле и случаи на насилтсво врз Курди.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ