Документарен филм за Бислимската клисура како потенцијален центар за екстремни спортови ќе биде промовиран денеска во Куманово.
Филмот, заедно со информативна брошура е изработен во рамки на иницијативата на Здружението на граѓани на Локална Акциона Група за Рурален Развој „ Гласот на Селото“ – Куманово и Центарот за Рурален Развој „ Бујрум “ село Проевце поддржана од проектот на УСАИД за Адаптација на земјоделството кон климатските промени , спроведуван од Мрежата за рурален развој на Република Македонија .
Проектната идеа се имплементираше во период од два месеци и имаше за цел поширока промоција на убавините и потенцијалите за развој на Бислимска Клисура како локација која нуди големи можности за рурален развој преку повеќе форми на алтернативен туризам кој претставува основа за економски развој не само на регионот туку и пошироко.