Почна 14. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“

Од:

Во Велес вечерва почна 14. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“. Овогодинешното издание поради реконструкција на Античкиот театар во Стоби Фестивалот се одржува во новиот објект на Велешкиот театар.

Фестивалот го отвори министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која рече дека вечерва овој град со респективна културолошка референца повторно станува местото на кое ќе се презентираат најновите и највредните остварувања на театрите од светот кои го негуваат античкиот и амбиенталниот театар и ја доближуваат универзалноста и современоста на мудрите антички приказни.

Министерката истакнувајќи дека Фестивалот на античката драма веќе 14 години е интернационална ревија на претставите на ансамблите и авторите кои се препознатливи по својата естетика во меѓународниот театарски контекст, посочи дека  „Стоби“ е една голема театарска платформа преку која Република Македонија се претставува и афирмира пред светот но, истовремено го носи и светот кај нас.

– Поставувањето на една античка драма на театарската сцена е голем настан за секоја театарска институција, за секој актер која добива неповторливо искуство, да оживее лик создаден пред повеќе од две илјади години во моментот. Како што велел Аристотел, преку драмата, преку нејзиното живо дејствие, преку ликовите, ние гледачите се идентификуваме и доживуваме своевидна катарза, или како што тој вели, си ги прочистуваме чувствата, рече министерката за култура.

Таа додаде дека оваа година на фестивалот на античката драма ќе продефилираат голем број комплесни ликови од минатото, креации на уметниците од Турција, Словенија, Грција, Албанија и Македонија кои ќе ги изведат познатите  драми и адаптации на делата на Аристофан, Есхил и Софокле  и ќе ја доловат нивната фантазија и нивниот разигран и богат јазик.

Според уметничкиот директор на Фестивалот Зоран Љутков да се негува фестивал на античка драма значи да се надминува сопствената црвена линија со една единствена цел секое ново издание на фестивалот да биде подобро од претходното.

На министерката за култура и градоначалникот на општина Велес Славчо Чадиев им беа доделени благодарници за заложбите за организирање на Фестивалот.

Фестивалот беше отворен со концерт на Тони Китановски трио, и претставата „Антигона“ на  театарот од Турција, во која настапуваат и двајца македонски актери кои студираат на државниот конзорциум при Истанбулскиот универзитет.

Фетсивалот ќе трае до 22 септември, а продолжува на 10 септември со  гостување на  Ројс Денс компани од Грција со претставата „Античка крв“ која е прва премиера, а по премиерната изведба деновиве на островот Свети Ахил во Преспа. На 13 септември претставата е „Електра“ во режија на Лајтис Василу, на театар Александар Мојсиу од Албанија.

На 15 септември ќе биде изведена претставата „Прометеј“ во режија на Дејан Пројковски на Турскиот театар од Скопје. На 17 септември Театарот „Комедија“ од Скопје ќе настапи со „Лисистрата“ во режија на Наташа Поплавска, а на 19 септември е „Електра“ на МНТ.

На 20 септември ќе биде изведена претставата „Федра“ по текст на Сашо Димовски, а во режија на Александар Ивановски. Во претставата играат Васил Зафирчев од велешкиот театари и Маруша Облак.

На фестивалот кој има натреварувачки карактрер ќе се натпреваруваат седум, од осумтте претстави, а последната „Крал Иби“ со настап на Велешкиот театар на 22 септември на затворањето ќе биде вон конкуренциј, а во чест на наградените

На фестивалот ќе бидат доделени наградите Гран при за најдобра претстава, наградите за најдобра женска и машка улога и најдобра режија.

Како новина на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби 2015“ годинава ќе има  и тркалезна маса односно дебата за претставите.

Би можело да ве интересира

Кабаре – концерт за лажици и гитара на Раде Шербеџија и Ленка Удовички на фестивалот РУТА во Драмски театар

Јордан Симонов од МНТ најдобар актер на фестивалот „Албански театар во Македонија“

Предраг Петровиќ

Врачено признанието лауреат на актерот Ристановски и промовирана монографијата 15 години МТФ „Св. Јоаким Осоговски“

Со доделување на наградата за високо актерско достигнување завршува ФКТ „Ристо Шишков“

Предраг Петровиќ

„Галеб“ од Чехов премиерно во битолскиот театар

Предраг Петровиќ

Тетовски актери наградени за најдобра машка и најдобра женска улога на затворањето на „Фестивалот на фестивалите“ во Требиње