ФОТО: Пуштена во употреба катната гаража „Тодор Александров“

Од:

Премиерот Никола Груевски денеска ја пушти и официјално новата катна гаража „Тодор Александров“ во центарот на Скопје.

Можноста да го празнуваме овој голем празник, како и можноста да живееме и твориме во слободна, суверена и независна држава, нагласи тој, е токму благодарение на големите дела кои што ни ги оставиле претходните генерации. Што ќе оставиме ние за следните генерации, подвлече, зависи од нас.

MAD_8282

– Токму затоа, преку празнување на ваквите големи празници, во изминатите неколку години воведовме пракса симболично да ги означуваме и делата кои ги остава оваа наша генерација, рече Груевски.

Катната гаража со над 600 нови паркинг места, потенцира Груевски, со својот облик е дел од мозаикот наречен модерно и функционално Скопје.

MAD_8144

– Во изминатите неколку години се изгради обиколчницата на Скопје, се изградија повеќе кружни токови, се проширија најбитните улици и булевари во градот, а во делот на катните гаражи, ова е 10 – та катна гаража која се пушта во Скопје. Пред неколку години немаше ниту една катна гаража, а денес има 10 и уште неколку други се во фаза на градба. Дел од нив ги изградивме ние како Влада, а дел ги изгради градот Скопје, дел од општините во Скопје, а дел ги изградија приватни инвеститори, рече Груевски. Додаде оти тоа е нашиот влог во она што се нарекува функционален град, град во кој ќе има добар и организиран проток на возила и доволно паркинг места.

MAD_8134

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски во денешното обраќање по овој повод информира дека паркингот е висок 23  метри, бруто развиена површина од 29.183 метри квадратни и приземје, седум ката над земја и две нивоа под земја, а обезбедува и паркинг за 120 велосипеди.

Со новата катна гража „Тодор Александров“ ќе стопанисува ЈП „Градски паркинг“, а паркирањето ќе чини 30 денари за час.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен