Билд: ЕУ ќе го прифати барањето на Меркел за „безбедни земји“

Од:

Поранешниот премиер и министер за надворешни работи на Шведска, Карл Билд смета дека Европската унија веројатно ќе усвои заедничка политика за таканаречените „безбедни земји“ чии што граѓани немаат право да бараат политички азил во членките на Унијата.

Неколку дена откако германската канцеларка Меркел побара ЕУ да размисли за заедничка политика по ова прашање, Билд преку својот профил на социјалната мрежа Твитер порача дека „Европската унија веројатно ќе усвои политика за „безбедни земји“. Умно. Околу 40 проценти од тие што бараат азил во Германија сега доаѓаат од Балканот“.

Билд во ЕУ важи за добар познавач на Балканот и лобист за проширување на Унијата.

– Долгорочно граѓаните од Балканот можат да мигрираат во други европски земји но тоа е целосно различно од акутната криза во Сирија, смета Билд.

Земјите од Западниот Балкан Македонија, Србија, Албанија, Косово и Црна Гора за Германија се безбедни земји и тие по автоматизам се одбиваат од Германските власти кога бараат азил.

Доколку оваа политика на Берлин биде прифатена од целата ЕУ тогаш можно е наскоро да заврши бранот на економски мигранти од Балканот во Германија и другите европски земји.

Минатата година околу 7.000 граѓани на Косово побарале азил во Германија а проценките се дека до крајот на 2015 година во Германија азил ќе побараат над 30 илјади косовски државјани. Најголем дел од нив, со исклучок на најранливите категории баратели, по кратка постапка ќе бидат вратени дома.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ