На сириските бегалци во Уругвај таму им е скапо и не можат да се интегрираат

Од:

Сириските бегалци, сместени веќе една година во Уругвај, сакаат да ја напуштат оваа земја, бидејќи не можат да се интегрираат, а и поради високата цена на животот таму.

Минатата година уругвајската Влада усвои програма според која земјата ќе пречека 117 сириски бегалци. Првата група од 42 бегалци пристигна минатата година. Тие дојдоа од бегалски камп во Либан. До крајот на годината Владата ќе прифати група од седум сириски семејства и нивните деца или вкупно 72 лица.

По речиси едногодишен престој во Уругвај, првите 42 сириски бегалци инсистираат да ја напуштат земјата, пишува „Волстрит Џорнал“.

– Ние сакаме да живееме со нашиот идентитет и нашите вредности, раскажува низ солзи Марјан ел Шибли, сириски татко на 15 деца, кој заедно со нив и со другите бегалци протестираа пред зградата на претседателството на плоштадот Независност во уругвајската престолнина Монтевидео.

Во протестот учествуваа пет сириски семејства со вкупно 30 деца. Во зградата на претседателството се сместени и канцелариите на Секретаријатот за човекови права, со надлежност за примена на програмата за прием на сириски бегалци. Таа предвидува бегалците да имаат живеалиште и минимални приходи дадени од властите. Животот во Уругвај е скап и овие приходи не им се доволни на бегалците.

– Луѓето тука се мили, но е многу скапо, раскажува бегалецот Ибрахим Мохамед.

Учесниците во протестот дојдоа директно со својот багаж и инсистираа на тоа дека нема да го напуштат плоштадот Независност, додека не добијат дозвола да го напуштат Уругвај.

Едно од семејствата веќе направило обид тоа и да го направи. Поминале две недели на аеродромот во Истанбул, бидејќи турските власти не сакале да ги пуштат на турска територија поради проблеми со визите. На крајот семејството било вратено во Монтевидео.

Би можело да ве интересира

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Ројтерс: Американски војници се повредени во напад со беспилотно летало во Сирија

Во Сирија училишен автобус излетал од патот, најмалку седум загинати

А1он