Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска вети дека ќе ги уништи борците на Курдската работничка партија (ПКК) од нивните планински упоришта, откако 16 турски војници беа убиени синоќа во бунтовнички напад.
– Терористите мора да исчезнат од планините. Што и да се случи, тие мора да бидат уништени. Планините во оваа земја не смеат да им се дадат на терористите, истакна Давутоглу.
Турската армија соопшти дека 16 војници се убиени, а шестмина се повредени во бомбашки напад на ПКК, што е еден од најсмртоносните напади на оваа група.
– Загинаа 16 наши другари во напад врз две оклопни возила во југоисточниот округ Хакари, се нагласува во военото соопштение.