Бензините поевтинуваат за два денара, дизелот по старо

Од:

Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара, а цената на дизелот и екстра лесното останува непроменета.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 62 денара за литар, а на Еуросупер БС-98 ќе биде 64 денари за литар.

Се намалува и цената на Мазутот и ќе изнесува 19,9 денари за килограм.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесувала 46,27 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот бил 54,32 денари.

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95