Опозициското движење на косовските Албанци „Самоопределување“ најави дека денеска ќе одржи протест против „полициското насилство“ кое дојде до израз за време на вчерашните протести, организирани по повод разговорите на Хашим Тачи со Ивица Дачиќ во Брисел.
– Тука ќе протестираме против владиното насилство, кое има извор во стравот од една каста која дојде на власт со украдени гласови и кои на илјадници начини ја злоупотребија власта, се наведува во повикот на граѓаните да излезат на протест.
Овој протест, според најавите на организаторите, исто така ќе има за цел „едногласно спротивставување на разговорите со Србија кои имаат за цел намалување на територијата на Косово“, јави Танјуг.