Првите носители Серена Вилијамс и Ѓоковиќ изборија четвртфинале

Од:

Првите носители во двете конкуренции на УС Опен, Серена Вилијамс и Новак Ѓоковиќ по ноќешните мечеви изборија четвртфинале.

Серена Вилијамс со 2:0 ја победи Медисон Кејс. Таа во следната рунда ќе игра против нејзината сестра Венус, која ја совлада Анет Контавеит со 2:0 во сетови.

Четвртфинале  на Грен Слем турнирот избори и Кристина Младеновиќ која со 2:1 во сетови  ја победи Екатерина Макарова, а нејзина ривалка ќе биде Роберта Винчи која без борба се пласира во четвртфиналето откако Јуџин Бушар поради потрес на мозок не беше во состојба да игра.

Новак Ѓоковиќ во осминафиналето го загуби првиот сет на турнирот од Роберто Баутиста Агут, но сепак стигна до триумф од 3:1 во сетови. Победа за меч во четвртфиналето со Ѓоковиќ постигна Фелецијано Лопез, откако со 3:0 го победи Фабио Фоњини.

Четвртфиналист е и актуелниот шампион Марин Чилиќ, кој со 3:1 го совлада Жереми Шарди, додека Жо Вилфред Цонга беше подобар со 3:0 од Беноа Пер и во следната рунда ќе игра против Чилиќ.

Другите осминафинални мечеви на програмата се вечерва.

Би можело да ве интересира

Конечно го освоив овој прекрасен трофеј – Сабаленка во солзи по победата на УС Опен

Горан Наумовски

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Се активираше аларм на УС Опен: Сите натпревари беа прекинати

ВИДЕО: Шокантна елиминација на Алкараз од УС Опен

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ѓере го предаде мечот, а Ѓоковиќ стана единствениот со 90 победи на УС Опен

ВИДЕО: Одигран е најлудиот меч во историјата на УО Опен