Нападната зградата на „Хуриет“ во Истанбул

Од:

Приврзаници на турската владејачка Партија на правдата и развојот на претседателот Реџеп Таип Ердоган, синоќа фрлаа камења кон зградата на весникот „Хуриет“ во Истанбул, пренесува БТА.

Околу 150 лица скандираа пароли во поддршка на владејачката партија, при што ги искршија прозорците и главната влезна врата на зградата на весникот, кого го обвинија дека ги изветоперил исказите на Ердоган, соопшти „Хуриет“ на својата интернет страница. Полицијата за борба со нереди ја растури групата напаѓачи.

Ердоган вчера по повод неодамнешните пројави на насилство во Турција рече: ако една партија добие 400 места на изборите за да може да го смени Уставот, тогаш ситуацијата ќе биде поинаква.

Тој тоа го рече во интервју дадено во живо за провладината телевизија А-Хабер, откако вчера голем број турски војници беа убиени во напад, извршен веројатно од курдски бунтовници во селото Даглиџа, југоисточна Турција.

Весникот „Хуриет“ навести дека таа изјава е поврзана со нападот во Даглиџа и напиша: Коментар на Ердоган за Даглиџа: Тоа немаше да се случи ако беа освоени 400 пратенички места.

Подоцна весникот го отстрани твитот, но тоа ги разгневи приврзаниците на владејачката партија на Твитер кои повикаа на протести против „Хуриет“.

Противниците, Ердоган го обвинуваат дека презема воена офанзива против Курдската Работничка партија во Ирак за да ги добие гласовите на националистите.

Голем број турски војници биле убиени при напад на Курдската Рабоничка Партија во југоисточниот дел на земјата синоќа, соопштија локалните власти. Бројот на загинатите војници при нападот во селото Даглиџа, во округот Хакијари близу границите со Ирак и Иран, не е прецизиран.

ПКК соопшти дека од заседа убила 15 турски војници. Ако оваа бројка се потврди, тоа ќе биде најсмртоносниот напад на курдските бунтовници по неуспехот на договорот за прекин на огнот во јули.

Премиерот Ахмет Давутоглу свика итна седница во Анкара со учество на главните цивилни и воени власти.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган изјави дека е вџашен од нападот. кој бил извршен со мина и вети решителен одговор од стрна на турските власти.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ