Затворена за сообраќај скопската обиколница

Од:

Скопската обиколница од 7 часот изутрина  е затворена за сообраќај, согласно воведениот времен режим поради снимањето на францускиот филм „A Fond“.

Сите возила се пренасочуваат кон влезот во Скопје.

Според Одобрението од Министерство за транспорт и врски од 3-ти овој месец и известувањето од „Мануфактура продукција“, времена измена на режимот на сообраќај на делница 3 Автопат 2, клучка „Хиподром“ –  клучка „Сарај“ (Скопска обиколница)  ќе има  16 дена  од 7 до 19 часот.

Скопската обиколница ќе биде затворена од 7 до 11 септември,  од 14 до 18 септември, од 21 до 25 септември, како и на 28 септември.

Би можело да ве интересира

Њујорк тајмс ги избра 100-те најдобри серии на 21 век: „Breaking Bad“ на прво место

Предраг Петровиќ

Филмот „17“ на Косара Митиќ е македонски кандидат за Оскар

Предраг Петровиќ

„ДЈ Ахмет” го освои Мелбурн: Македонскиот сандансовец издржа ја споредбата со светот на дигитална забава

Турската кинематографија во фокусот на „Бич филм фестивал Охрид“

Вредни парчиња накит од Клаудија Кардинале на аукција

Предраг Петровиќ

Во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Што ако“