Меркел и Оланд бараат нов план за бегалците

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд побарале од Европската Унија да се согласи на нов план за прифаќање на бегалците и да се забрза постапката за нивниот прием во земјите каде што тие пристигнуваат.

Во писмото потпишано од двајцата лидери до европски претставници меѓу кои и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, се бара владите на членките на ЕУ да имаат чувство за итност во напорите за справување со најголемиот бегалски бран по Втората светска војна.

– Итно ни е потребен постојан и обврзувачки механизам за прифаќање на овие луѓе, изјави денеска во Берлин Штефан Зајберт, портпаролот на германската канцеларка кој што цитираше дел од писмото во кое се вели „Тие кои што не бараат заштита мора постојано да се враќаат назад од прифатните центри“.

Двајцата лидери сметаат дека Италија и Грција треба да подигнат центри за прием на бегалци кои што ќе бидат оперативни до крајот на годинава, изјави Зајберт кој додаде дека според Меркел и Оланд европските влади треба да се договорат кои држави што не се членки на ЕУ ќе бидат дефинирани како „безбедни земји“, а нивните граѓани нема да можат да бараат политички азил.

Иако во вчерашниот телефонски разговор Меркел и Оланд зборувале за квоти во писмото не се споменуваат конкретни бројки за прием на бегалци од страна на членките на ЕУ. Двајцата лидери дополнително препорачуваат ЕУ да ја зголеми помошта за земји како Турција, Либан и Јордан кои што на своја територија примиле огромен број сириски бегалци.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција го отвора преминот Јајладаги за безбедно враќање на сириските мигранти

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови