Околу 300 бегалци денеска ја пробија оградата на прифатниот центар во Реске и се упатија кон автопатот М5, соопшти унгарската полиција.
Во соопштението се наведува дека инцидентот се случил денеска нешто по пладне, како и дека бегалците на два пати ја пробиваа оградата и се упатуваат кон автопатот. Полицијата презема мерки за враќање на бегалците, пренесува Танјуг.
Полицијата не наведува повеќе детали за инцидентот, освен дека дел од автопатот од границата со Србија кон Будимпешта привремено е затворен и сообраќајот се пренасочува.