Сарачини и Кралев на регионален самит во Загреб

Од:

Министрите за економија и за образование и наука, Ваљон Сарачини и Панче Кралев денеска и утре ќе учествуваат на регионалниот самит „Претприемништво – образование“, што се одржува во Загреб.

Самитот го организираат хрватските министерства за претприемништво и занаетчиство и за образование, наука и спорт, Европската комисија и Центарот за претприемничко учење на Југоисточна Европа.

На него ќе присуствуваат министри од осум претпристапни земји и од Турција. Тие ќе дискутираат за значењето, потребата и начините за унапредување на претприемништвото и претприемничкото учење, како еден од принципите на Актот за мали претпријатија, моќен фактор за раст и за обезбедување нови вработувања.

На Самитот ќе биде потпишана повелба за претприемничко учење – камен темелник за раст и работни места.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски