За опремување на ученик најмалку треба една просечна плата во Србија

Од:

Радио Слободна Европа – Прага

На први септември за околу 900.000 ученици во основните и средните училишта во Србија почна новата учебна година, а овој пат почетокот на училиштата не го следи штрајк, бидејќи просветните работници се надеваат на реализација на договорот со Владата за воведување на платни одделенија од јануари 2016 година.

Почетокот на учебната година претставува голем удар на домашниот буџет, бидејќи за комплетно опремање на само еден ученик на родителите им треба барем една просечна плата.

Поаѓањето на децата на училиште на родителите и оваа година е сериозен удар на домашниот буџет, бидејќи комплетите со нови учебници чинат од 4 до 15.000 динари, а кога на тоа ќе се додадат трошоците за купување на прибор, облека и обувки, тогаш опремањето на еден ученик чини речиси колку една просечна плата во Србија.

– За опремање на ученик за на училиште потребни се минимум 40.000 динари. Скапи се учебниците, приборот, патиките и друга опрема, а кога на тоа ќе се додаде и облека и обувки, тогаш тоа е многу повеќе – вели еден родител чие дете е прваче во училиште.

Цените на учебниците варираат зависно од издавачот, но поединечните цени се движат од 450 до 1.300 динари, додека тетратките се околу 600 динари.

Поради тоа, родителите со помали плати се одлучуваат за купување на половни книги, чија понуда и оваа година е исклучително добра, а цените барем за една третина пониски од книжарниците.

И покрај тоа, според тврдењата на продавачите на учебници на уличните тезги, продажбата е слаба, бидејќи родителите и децата обично чекаат училишната година да почне па дури потоа се одлучуваат за купување на книги и тетратки.

– Понуда на учебници има, но побарувачката е помала, бидејќи се уште нема многу купувачи па продажбата за сега е слаба – вели еден продавач на учебници на уличните тезги.

Поради тешката економска состојба, крагуевачкиот Градски совет одобри на невработените во центарот на градот бесплатно да постават тезги, на кои до 25 септември, можат да продаваат само половни учебници за основно и средно образование.

Со таа одлука, како што е речено во локалната управа, Градскиот совет сака да овозможи на родителите и децата на едно место да разменуваат и купуваат половни учебници пред почетокот на училишната година, но и на невработените да пружи можност да заработат некој динар, без страв дека ќе бидат на удар на комуналната полиција.

Првите купувачи, кои поради недостиг на пари се одлучиле за купување на половни учебници веќе одат на тезгите и разгледуваат кои книги да ги купат.

– Половните учебници се многу поефтини од новите и поради тоа веројатно ќе купиме користени книги, а бидејќи сме навикнати на ова, ништо не ни е необично – вели една Крагуевчанка, која со ќерката ученичка во осмо одделение, разгледува половни книги. Државата и оваа година обезбеди бесплатни учебници за учениците од социјално најзагрозените семејства, а многу градови, општини и невладини организации во Србија издвоија дополнителни средства за опремање на учебници од најсиромашните слоеви на општеството.

Образовно-културната заедница на Ромите, Романипен од Крагуевац и пред почетокот на оваа училишна година, ги поддржа забавачињата и првачињата од ромска националност дарувајќи им пакети со училишен прибор и учебници.

Божидар Николиќ, извршен директор на Образовно-културната заедница Романипен, вели дека оваа година со учебници и училишен прибор се опремени 108 деца, 40 забавачиња и 68 првачиња, за децата да можат непречено да се вклопат во образовниот систем.

– Обезбедивме доволно средства да ги опремиме со најпотребните средства за поаѓање на училиште. Тоа се учебници, тетратки, моливи, гумички, острилки и се што им треба за почеток на учебната година – вели Николиќ.

Оваа година градот Крагуевац го поддржа проектот на Романипен со 236.000 динари, што беше доволно за 108 пакети со училишна опрема.

Децата на кои учебниците и приборот им беше врачен пред почетокот на училишната година, радосно ги примија пакетите, како и нивните родители кои сметаат дека ваква помош им е потребна за нивните деца да појдат на училиште.

–  Добивме прибор, ранец, тетратки и книги, боички, фломастери… – вели девојче од ромска националност, која денес појде на училиште.

– Секоја помош е добредојдена, без оглед колкава е, со оглед на сегашното тешко време.

– Без оглед на тоа кој колку има, секоја помош од овој вод секогаш добро доаѓа – велат родители чии деца од Образовно-културната заедница Романипен добија учебници и прибор за поаѓање во предучилишната програма или во прво одделение.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ