Хамнеи: Ништо од договорот доколку на Иран не му се укинат санкциите

Од:

Иранскиот врховен верски водач, ајатолахот Али Хамнеи изјави дека „нема да има договор“ околу иранската нуклеарна програма доколку светските сили инсистираат на суспензија наместо на дефинитивно укинување на санкциите против Техеран.

– Доколку санкциите бидат суспендирани, тогаш ние ќе ги исполниме своите обврски на теренот на ниво на суспензија, а не на фундаментално ниво, се закани ајатолахот.

Хамнеи за иранската национална телевизија рече дека само суспензија на санкциите за Техеран е „неприфатливо“.

Ова е прв официјален коментар за историскиот договор меѓу Иран и Западот, откога американскиот претседател Барак Обама успеа да обезбеди доволна поддршка за да ги спречи републиканците во Конгресот да го блокираат постигнатиот договор.

Иако ајатолахот во Иран традиционално има конечен збор за сите важни прашања, Хамнеи истакна дека иранскиот парламент ќе го има последниот збор.

– Претставниците на народот се оние кои би требало да одлучат. Немам совет во врска со начинот на разгледување, усвојување или одбивање на нуклеарниот договор, рече ајатолахот.

Би можело да ве интересира

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

Во Иран е прогласена петдневна жалост по убиството на Насрала

Во Бејрут загина командант во Иранската револуционерна гарда генерал Абас Нилфорушан

Горан Наумовски

Иран: Линија на водачот на отпорот ќе продолжи се до ослободување на Ерусалим

Горан Наумовски

Либан: Над 70.000 луѓе се на улица и бараат засолниште

Аракчи: Техеран нема да остане рамнодушен во случај на војна во Либан

Горан Наумовски