Роберт Алаѓозовски учествува на Третиот културен конгрес на источно партнерство во Украина

Од:

На еден од најголемите културни настани во Европа, Третиот културен конгрес на источното партнерство, од 4 до 6 септември, како учесник од Макледонија е поканет Роберт Алаѓозовски, писател и менаџер во културата.

Оваа година конгресот за првпат се одржува во Лвов, Украина и главна тема ќе биде мисијата на културата за време на криза.

– Конгресот го застапува гледиштето дека секоја криза претставува нов почеток, но дека токму културата е таа која ги придвижува нештата напред и создава промислувачки и идентитетски упоришта околу кои се гради целокупниот живот по секоја настаната криза. Темата на кризата ќе се истражува преку седум програмски панели. На нив ќе се разговара за кризата на европските вредности, за стравот во културата и културата на страв, и за силата на културата да предизвикува промени. Ќе се дебатира на кој начин културата треба најдобро да комуницира со граѓаните. Ќе бидат покриени и темите од културните политики, економијата на културата, креативните дејности и други актуелни европски културни теми, вели Алаѓозовски.

Тој ќе учествува во работната сесија посветена на добри практики на интеграција преку културни проекти, дијаспоричната уметност, новите мобилности во културата и потребата да се надминат анахроните културни идентификации и проекции поврзани со концептите на потекло и припадности.

На конгресот учествуваат преку 500 уметници, менаџери во културата, активисти, претставници на разни министерства, локални самоуправи, граѓански организации, новинари, научници од преку 19 земји од Европа. Една од долгорочните цели на конгресот, освен поттикнувањето на соработката и вмрежувањето е создавањето услови за дијалог преку културата и интеграција на разните заедници во општеството. Конгресот ќе биде придружен со многу уметнички содржини и културни настани.

Културниот конгрес е настан кој се одржува биенално од 2011 година, како подршка на процесот на соработка наречен Источно партнерство, покренат од Полска, а поддржан од Чешка и Шведска во 2009 година. Тоа за фокус ги има шесте источни земји од соседството на Европската унија: Украина, Белорусија, Молдавија, Грузија, Ерменија и Азербејџан. Конгресот настојува да ја смени перцепцијата и мисијата на културата во овие земји и да поттикне долгорочна соработка меѓу нив.

Би можело да ве интересира

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Македонска филхармонија гостува во Дубровник

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ