ВИДЕО: Кина со воена парада одбележува 70 години од победата над Јапонија

Од:

Во Пекинг со воена парада се одбележува 70-годишнина од победата над Јапонија во Втората светска војна.

На парадата учествуваат околу 12.000 војници и приближно 500 оклопни возила и околу 200 авиони и хеликоптери. Неколку илајади војници се од другите држави. Русија, Белорусија, Србија, Казахстан, Таџикистан, Пакистан, Монголија, Египет, Мексико и Куба се претставени со околу 70 војници, а Авганистан, Венецуела, Лаос, Камбоџа, Фиџи и Вануату учествуваат со по седум војници.

На парадата присуствуваат и 49 шефови на држави или влади, меѓу кои претседателите на Русија, на Белорусија, на Египет, на Казахстан, на Киргистан, на Пакистан, на Јужна Кореја, на Таџикистан, на Узбекистан, на Чешка, и на Јужноафриканската Репбулика.

Би можело да ве интересира

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени