Барак Обама е првиот претседател на САД кој бил на Северниот пол. На третиот, последен ден од неговата посета на Алјаска, најсеверната американска сојузна држава, тој го посети арктичкиот град Коцебу, со цел да го сврти вниманието на климатските промени.
– Има едно нешто што ниту еден американски претседател не го направил до денес: да оди на Северениот пол! Исклучително горд сум на тоа, изјави Обама пред илјада луѓе во Коцебу, град со околу 3.000 жители, кој се наоѓа на 50 километри од Северен пол.
Обама апелира за брзо дејствување во борбата со глобалното затоплување.