Малолетник од Студеничани е вториот убиен кај Драчево

Од:

Скопската полиција денеска извести дека 17-годишниот Адем В. од скопското село Студеничани е втората жртва во засега неразјаснетото двојно убиство кое пред два дена се случи на локалниот пат Драчево-Количани.

Засега се знае дека Адем В. бил на совозачкото седиште во „Роверот 75“ со охридски таблички.

Возач бил сега убиениот 28-годишeн Светислав Р. од Кичево.

И малолетникот и кичевецот од своите најблиски биле пријавени ден претходно за исчезнати. Крај телата на убиените е најден пиштол со кој се верува дека е извршено наводното убиство и самоубиство.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски