Асоцијацијата на архитекти повикува на бојкот на манифестацијата „Архитекти на Скопје 2015“

Од:

Асоцијацијата на архитекти на Македонија ги повикува своите членови да ја бојкотираат манифестацијата „Архитекти на Град Скопје 2015“.

Овој повика за бојкот доаѓа откако вчера град Скопје објави повик за учество во традиционалната манифестација што ја организира по повод празникот на градот 13. ноември.

„Поради се она што се случува со архитектурата, урбанизмот, архитектонското творештво и архитектонско наследство, особено во централното градско подрачје каде Град Скопје е најдиректно инволвиран.

ААМ смета дека е хипокризија да да се учествува на оваа манифестација распишана од институција која ниту почитува, ниту вреднува квалитетно архитектонско творештво. За да биде хипокризијата уште поголема никогаш до сега ниту еден објект од проектот Скопје 2014 не бил учесник на АСК, манифестација организирана од институцја која е една од најголеми подржувачи на “Скопје 2014“.

Град Скопје и колегите архитекти вработени тамо секогаш се спремни без поговор да ги спроведат сите потребни акти за архитектонска и урнабистичка интервенција во централното градско подрачје. Поради непочитување на архитектонската професија и елемнтарните начела на архитектонската наука ААМ ги повикува своите членови да ја бојкотираат манифестацијата. ААМ смета дека Градот Скопје нема ниту стричност да процени, ниту мудрост да препознае, ниту став и храброст да вреднува квалитетно архитектонско творештво.“, стои во реакцијата на ААМ.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен