Мареј го елиминира Киргиос

Од:

Вториот ден на УС Опен мина без поголеми изненадувања, а од фаворитите најголемиот дел постигнаа сигурни победи.

Рожер Федерер на Леонардо Маер му препушти само пет гема, додека Енди Мареј со 3:1 во сетови го елиминира „проблематичникот“ Ник Киргиос.

Кај мажите пласман во втората рунда обезбедија: Стан Вавринка, Томаш Бердих, Виктор Троицки, Иво Карловиќ, додека турнирот заврши за 11-иот носител Жил Симон, кој загуби со 3:2 во сетови од Донад Јанг, иако водеше со 2:0.

Кај жените Петра Квитова и Каролине Возниачки на противничките им препуштија по два гема, додека Симона Халеп се пласира во второто коло, откако ривалката Марина Ераковиќ го предаде мечот.

Од носителките порази во 1. коло забележаа Луси Сафарова (6.носител) и Тимеа Башчински (14.носител).

На УС Опен попладнево се играат првите мечеви од 2.коло во двете конкуренции.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен