Од почетокот на годината низ територијата на Србија минале 115 илјади мигранти, изјави денеска српскиот премиер Александар Вучиќ на прес-конференција со чешкиот премиер Бохуслав Соботка.
– Во овој момент во Србија на четири различни точки се наоѓаат 7.800 лица. Ние се обидуваме да сториме се што е во наша моќ, за да им помогнеме на тие луѓе, да им обезбедиме храна и најосновни средства за живот, рече Вучиќ.
Според Вучиќ само неколку десетици мигранти побарале азил во Србија, а поголемиот дел се упатуваат во Германија и скандинавските земји.
Соботка истакна дека Чешка е подготвена да и достави на Србија финансиска помош во износ од десет милиони круни за решавање на проблемот со бегалците во рамки на програмата за помош на мигрантите.