Неколкумина полицајци се повредени во експлозија во турскиот округ Сирнак, кој граничи со Ирак, соопшти ТАСС.
Според локалната телевизија, борци од Курдската работничка партија (ПКК) со далечински уред ја активирале бомбата која била поставена на патот, по кој минувал полициски автобус. Нападот бил извршен на патот меѓу Идиа и Чизре, каде се најактивни борците од ПКК.
Полицајците се движеле со службениот автобус кон локалниот аеродром, каде биле на служба. Бројот на повредените не се прецизира. На местото на нападот пристигнале амбулантни возила и единици на специјалната полиција.