Законот за високо образование и државната матура се одложени за септември 2016 година

Од:

Измените на Законот за високо образование и за државната матура се одложени за септември 2016 година, соопшти премиерот Никола Груевски.

Дотогаш, Владата ќе се консултира со сите засегнати страни со цел да се слушнат сите мислења и да се направат темелни консултации.

– Одлагањето на државната матура е затоа што од декември се пријавува матурата и имавме прекраток период за промените што сакавме да ги постигнеме, затоа што ни треба во меѓупериодот и дијалог, така што има доволен простор да се вклучат сите заинтересирани страни и да се разговара со сите, да се слушнат сите мислења и да се направат темелни консултации за на крај да се донесе најсоодветното решение”, рече Груевски.

Што се однесува до Законот за високо образование, Груевски рече дека и за него ќе се направат максимални напори да бидат вклучени сите оние на кои се однесува законот и да се слушнат сите мислења, а во заеднички консултации да се дојде до најдобрите можни решенија.

Студентите и професорите протестираа против измените на Законот за високо образование со кои се предвидуваше воведување на државен испит за студентите. Средношколците и наставниците исто така протестираа против новиот начин на полагање на државната матура и екстерното тестирање.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование