Парламентарните избори во Египет ќе бидат одржани во фази, од 17 октомври до 2. декември, соопшти египетската Изборна комисија.
Шефот на Изборната комсија Ајман Абас изјави дека новиот Парламент, кој има 586 места, ќе биде формиран до крајот на годината.
Изборите ќе се одржат по повеќе од две години од соборувањето на претседателот Мохамед Морси.
Египјаните кои живеат во странство ќе гласаат на 17 октомви, а во следните два дена ќе гласаат жителите на 14 од вкупно 27 провинции. Другите ќе гласаат на 21, 22 и 23 ноември.
Вторите кругови ќе бидат одржанио на 26,27 и 28 октомври и 30 ноември, како и на 1. и 2. декември.
Актуелниот египетски претседател Абдел Фатах ал Сиси директно че одреди 27 места во Парламентот.