Јавноста дозна и за тајниот антинуклеарен тунел на Хоџа во центарот на Тирана

Од:

Меѓу 750 илјади бункери и десттиците тајни тунели низ целата земја, изградени за време на комунистичкиот режим, под водство на диктаторот Енвер Хоџа, изграден бил и таен антинуклеарен тунел, кој се наоѓа во центарот на Тирана.

– Тунелот е поврзан со антинуклеарното засолниште. Изграден во времето на Студената војна. Се наоѓа под шеталиштето.Влезот е од кај Министертвото за внатрешни работи и истиот го поврзува со другите значајни министерствата и инситуции, изјави Артан Шкрели, архитект и советник на актуелниот албански премиер Еди Рама.

Веста за постоењето ваков тунел првпат е достапна за јавноста, откако почнала рекострукција на делот на тунелот кај Министертвото за внатрешни работи. Денеска се објавени неколку фотографии од изведувањето на работите и влезот во тунелот.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски