Криси Хајнд: Жените кои носат високи потпетици ги поттикнуваат силувачите

Од:

Рок ѕвездата Криси Хајнд тврди дека силувањето, кое го преживеала како девојка било „нејзина вина“ и оцени дека жените „мора да ја преземат одговорноста доколку провокативно се облекуваат“.

Нејзините коментари предизвикаа во британската јавност нова дебата за „улогата“ на жената во сексуалните напади, а Хајнд тврди дека не може да обвини никого поради тоа што била силувана од моторџиска банда.

Во интервју за „Сандеј тајмс“, кое го даде по повод излегувањето на автобиографијата „Reckless“, пејачката на бендот „The Pretenders“ изјави дека жените требаа да очекуваат несакано внимание, доколку се однесуваат на одреден начин или носат одреден вид на облека.

– Ако шетам и пристојно сум облечена и ја гледам својата работа, а некој ме нападне, тогаш можам да кажам дека тоа е негова вина. Но доколку сум нападна и се вадам на виделина, доколку сум провокативна, тогаш предизвикувам некого, кој веќе нема инхибиции. Немој тоа да го правиш. Тоа е навистина здрав разум!, вели Хајнд.

– Доколку не сакаш да го предизвикаш непријателот немој да носиш високи штикли, бидејќи во нив не можеш да му побегнеш. Доколку носиш нешто што вреска „дојди и из… ме, тогаш биди сигурна на своите нозе. Мислам дека сега не зборувам ништо контроверзно, додаде таа.

Хајнд алудираше на поглавјето од својата автобиографија, каде пишува како мотоциклистичка банда од Охајо ја силувала кога имала 21 година и кога користела дроги. Хајнд го прифатила повикот за забава, но наместо тоа е одвезена во напуштена куќа, каде е принудувана на секс.

Музичарката, која живее во Лондон, на критиките на феминистките одговори дека многу жени, кои себе се нарекуваат феминистки всушност тоа не се. Таа како пример ги издвоила современите поп ѕвезди, кои како што рече се облечени како порно ѕвезди.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ