Бруто надорешниот долг на Албанија на крајот од првото тромесечие од годинава достигнал 6.997,4 милиони евра, што е за 331 милион евра повисок споредено со крајот на 2014 година, јави дописникот на МИА од Тирана.
Бројките ги објави „Опен Дата Албанија“, која го анализира текот на бруто надворешниот долг за периодт 2007-2015 и неговата динамика во последната година.
Бруто надворешниот долг подразбира вкупен надворешен долг на една економија. Тој го вклучува и долгот во јавниот и приватниот сектор кон нерезиденти и е во странска валута. Споредено со износот на долгот во првото тромесечие од минатата година надворешниот долг е повисок за 757 милиони евра.
Околу 81 проценти од долгот е долгорочен, главно во форма на кредити, додека другиот дел е краткорочен долг, главно земен од банкарскиот сектор.
Највисок раст на долгот е забележан во периодот 2010 – 2012 во просек по околу 20 отсто секоја година.