Во пресрет на Меѓународниот ден на верски слободи, Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја повикува меѓународната заедница најстрого да ги осуди негирањата на основните верски права и слободи за сите грчки граѓани од страна на грчката влада.
На 27ми октомври светот забележува дека: “…секој има право на слобода на мислење, свест и вера…слобода да ја промени својата религија или убедување, и слобода да сам или во заедница со други, приватно или јавно, да ја манифестира нејзината/неговата религија, или убедување, преку подучување, практикување, одржување служби или обреди.” Ова право експлицитно е наведено во членот 18 од Меѓународната декларација за човекови права, стои во соопштението на ОМД.
Грција, велат , е единствената земја-членка на Европската унија во која не постои вистинска поделба помеѓу црквата и државата. Грчката Православна Црква е државно-спонзорирано претпријатие, а свештениците се номинално сметани како јавни службеници. Но, во практика всушност тие дејствуваат како политички инструменти за државна опресија, објави ОМД.